Достава на пратка
Доставата до твојата адреса е бесплатна за нарачки над 600 ден.
За нарачки помали од 600 ден., доставата се наплаќа 150 ден.
По креираната online нарачка на www.vamiluxury.mk, во најбрз можен рок истата ќе биде процесирана.
Работно време на нашиот оператор е од 9 до 19 часот во текот на работната недела.
Рокот на испорака е меѓу 3 и 7 работни дена.
За сите нарачки направени во петок, за време на викенд или државен празник, операторите ќе ве контактираат во текот на следниот работен ден.
Доставата на пратка ја врши курирската служба, Еко Логистик Сервис, до адресата наведена при креирање на online нарачката.
Доколку курирот не успее да ја пронајде наведената адресата, ќе бидете исконтактирани телефонски на бројот наведен при креирањето на нарачката.
Пратката се враќа во Vami Luxury во оној случај кога курирската служба нема да успее да стапи во контакт со вас при доставата.
Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.
Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање / подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката.
При подготовка, нарачаниот производ заедно со соодветните документи (фактура, упатство за употреба и гаранција за часовници) се поставуваат во картонска кутија, која се затвора со посебна самолеплива трака која обезбедува дека производот во текот на неговото патување нема да биде отворан. Откако пратката е комплетно подготвена од наша страна, истата се предава на куририте од службата за достава. Од оваа точка натаму, гаранцијата за безбедноста на пратката е самолепливата трака со која е затворена картонската кутија. Доколку производот пристигне со скината самолеплива трака, те молиме во присуство на курирот за достава јави се на 032 385 123.